Директорката на кумановската болница е негативна на ковид-19

270

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека директорката на болницата во Куманово, Снежана Захариева, која исто така беше на вчерашната средба на кризниот штаб во овој град, е негативна на коронавирусот.

– Захариева нема позитивен тест, па и за неа важи истото правило. Ние сите носевме заштитни маски и се придржувавме на мерките. Не знам зошто не бевме известени дека се направени тестови на лицата од кризниот штаб во Куманово, па овој одговор да го побарате на друго место -рече Филипче.

Поврзани содржини