Обама го поддржа Бајден во трката за претседател на САД
Тој се потсети и на времињата кога тој беше претседател и кога токму Бајден беше негов потпретседател.
Поранешниот американски претседател Барак Обама го поддржа Џо Бајден во кандидатурата за претседател н а САД, порачувајќи ѝ на јавноста дека тој може да ја обедини и да ја излекува нацијата која минува низ најтешките моменти во својата историја.
– Џо има карактер и искуство да нè води низ едно од нашите најмрачни врфемиња и да нè лекува во текот на долгото ооравување – истакнал Обама во 12-минутната видео-порака снимена во неговиот дом во Вашингтон.
Тој се потсети и на времињата кога тој беше претседател и кога токму Бајден беше негов потпретседател.
– Верувам дека Џо има квалитети кои сега ни се потребни од претседателот – рекол Обама и заклучил дека одлуката во 2008 година со која Бајден го одбрал за свој потпретседател била една од неговите најдобри одлуки донесени во животот.
Инаку, 77-годишниот Бајден е единствениот демократски кандидат кој ќе му се спротивстави на актуелниот претседател Доналд Трамп.