Засега нема да воведеме карантин од 14 дена, вели Филипче

1,619

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во моментов не е во план воведување на карантин од 14 дена на целата територија на земјата, откако на социјалните мрежи се појавија информации дека од Кризниот штаб биле побарани вакви мерки.

– Засега не, иако сметам дека сме подготвени да донесеме поригорозни мерки. Во овој момент сметаме дека овие мерки се доволни, особено оние кои ќе стапат на сила од утре. Ние ја следиме кривата на движење, ги пратиме овие пикови и со тоа може да интервенираме во мерките – изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Поврзани содржини