„Дојче Банк“ очекува британската економија да се намали за 6,5% во 2020 година

Според студијата на германската банка, економијата во Велика Британија ќе се намали за 1,9% во првиот квартал и може да изгуби до 13% во вториот квартал.

1,544

Бруто домашниот производ на Велика Британија се очекува да се намали за 6,5% во 2020 година, соопшти „Дојче банка“.

Според студијата на германската банка, економијата во Велика Британија ќе се намали за 1,9% во првиот квартал и може да изгуби до 13% во вториот квартал.






„Дојче Банк“, сепак, верува дека економијата ќе закрепне брзо, но ризиците од таквата прогноза се предмет на надолна корекција, во зависност од тоа колку долго ќе продолжат строгите ограничувања наметнати од пандемијата на коронавирус.

– Засега очекуваме растот на случаите Ковид-19 да го достигне својот максимум до средината на април. Ако тоа се покаже како оптимистичка оценка, ударот врз британската економија најверојатно ќе биде поинтензивен од очекуваниот – прогнозира германската банка.

Поврзани содржини