ТТК Банка ќе исплати дивиденда

дивиденда ќе им биде исплатена на 1.813 домашни физички лица во нето износ од 33,8 милиони денари, на 131 домашни правни лица во износ од 61,6 милиони денари и ќе биде исплатен данок кон Буџетот во износ од 3,8 милиони денари.

535

ТТК Банка АД Скопје ќе исплати дивиденда како и што и што планираше во одлуката за собранието   на акционери . Од Банката преку Македонска берза информираа дека за одлуката се изјасниле 67,6 отсто од акционерите на Банката по пат на коресподенција. Дополнително  се образложува дека банката редовно го зголемува капиталот, па исплатата на дивидендата не се коси со препораката на Народна банка за зголемување на капиталот на банките.

Според одлуката на Банката, дивиденда ќе им биде исплатена на 1.813 домашни физички лица во нето износ од 33,8 милиони денари, на 131 домашни правни лица во износ од 61,6 милиони денари и ќе биде исплатен данок кон Буџетот во износ од 3,8 милиони денари.






„Врз основа на овој висок процент на акционери кои се изјаснија за предложените одлуки на закажаното акционерско собрание на Банката, Управниот одбор и Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје сметаат дека Банката треба да остане на Одлуката за распоредување на добивката од 2019 година што е веќе предложена на Собранието на акционери. Поткрeпа на ваквиот деловен став на надлежните органи на Банката е и досегашното успешно реализирање на сите зацртани стратешки развојни и деловни активности на Банката во изминатиот период коешто резултира со одржување долгорочна стабилност и подготвеност за апсорпција на ризиците“, стои во соопштението.

Од Банката додаваат и дека кон крајот на третиот квартал од 2019 година и почетокот на првиот квартал од 2020 година, ТТК Банка АД Скопје издаде две долгорочни корпоративни обврзници во износ од по 1,5 милиони евра или вкупно 3 милиони евра,  со цел прудентно управување со капиталната позиција на Банката.

„Во исто време, ТТК Банка АД Скопје постојано издвојува и дел од добивката во резерви. Сето ова влијае на зголемувањето на сопствениот капитал на Банката и во согласност со предложената Одлука, капиталот на Банката ќе достигне износ од 1.173 милиони денари или 19 милиони евра. Ова за ТТК Банка АД Скопје претставува солидна капитална основа и гаранција за успешно соочување со очекуваните евентуални негативни движења и последици врз стопанството коишто ќе ги предизвика кризата на светската пандемија со вирусот Covid-19“, наведуваат од Банката.

ТТК Банка АД Скопје е речиси целосно во сопственост на домашни акционери. Со состојба на 29.2.2020 година, 99,3 отсто се домашни акционери и само 0,7 отсто се странски акционери.

„Речиси целиот износ на предвидената дивиденда ќе биде исплатен на домашни правни и физички лица. Според сегашната состојба на акционерската книга, дивидендата ќе им биде исплатена на 1.813 домашни физички лица во нето износ од 33,8 милиони денари, на 131 домашни правни лица во износ од 61,6 милиони денари и ќе биде исплатен данок кон Буџетот во износ од 3,8 милиони денари. Во согласност со ова, ќе се подобри ликвидноста на сите овие субјекти, вклучувајќи го и Буџетот на државата“, стои во соопштението.

Од Банката очекуваат исплатата на дивидендата да се случат по завршувањето на вонредната состојба  и по продолжувањето на Собранието на акционерите на Банката или кога за тоа ќе се создадат законски услови со Уредбата за примена на Законот за трговските друштва.

Поврзани содржини