И оперската ѕвезда Пласидо Доминго има коронавирус

691

Славниот оперски пејач Пласидо Доминго (79) е позитивен на коронавирус. Оваа информација славниот тенор сам ја сподели со јавноста.

– Сметам дека е моја морална должност да ви кажам дека сум позитивен за ковид-19, односно коронавирус. Моето семејство и јас сме во самоизолација сè додека тоа се смета за медицински неопходно. Во моментов сите сме во добра здравствена состојба, но јас имав симптоми на температура и кашлање па решив да се тестирам и резултатот беше позитивен – изјави тој.






„Ги замолувам сите да бидат крајно внимателни, да ги следат основните упатства – често мијте ги рацете, останете најмалку еден метар подалеку од другите, правете сѐ што е можно за да го запрете ширењето на вирусот и, ве молам, да останете дома ако можете“, додаде тој.

ФОТО: EPA / Francisco Guasco

Поврзани содржини