Во Ломбардија починаа 1.420 лица, а во Грција расте бројот на заболени

Бројот на нови случаи во регионот, во кој е вклучен италијанскиот финансиски центар Милано, е зголемен за 1.377 во изминатите 24 часа, што е побавна стапка на раст отколку што беше.

908

Бројот на смртни случаи од појавата на новиот коронавирус во северниот италијански регион Ломбардија во текот на изминатиот ден се зголеми на 1.420 од 1.218, соопштија два извора со пристап до податоците.

Бројот на нови случаи во регионот, во кој е вклучен италијанскиот финансиски центар Милано, е зголемен за 1.377 во изминатите 24 часа, што е побавна стапка на раст отколку што беше.






Вкупниот број смртни случаи во Италија ќе биде објавен подоцна во текот на денот.

Вчера, вкупниот број на жртви во Италија изнесуваше 1.809.

Регистрирани нов 21 случај на заразени со новиот коронавирус во Грција, вкупно 352

Во изминатите 24 часа во Грција, регистриран е 21 нов случај на заразен со новиот коронавирусот, со што вкупната бројка на заразени лица се искачи на 352, јави дописничката на МИА од Атина.

Претставникот за коронавирусот на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, на денешната редовна прес конференција соопшти дека од потврдените случаи во земјата, за 51 случај е непознато потеклото, односно непознато е како овие лица се заразиле со Ковид – 19.

Хоспитализирани се 65 лица, девет се приклучени на апарати во болници во Атина, Солун и Патра, а десет се пуштени дома.

Од потврдените случаи повеќето се во Атина, 51% се мажи, а до сега се анализирани 4420 примероци.

Поврзани содржини