Тешко повреден градежен работник откако автомобил му го срушил скелето
Како што е наведено во полицискиот билтен, талпата од скелето била поставена надвор од оградниот ѕид, по што од скелето паднал 67-годишниотградежниот работник Т.Т. од Прилеп.
Вчера 10.50 часот било пријавено дека на улицата „Поп Аврамија“ во Прилеп, товарно возило „пежо боксер“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од 46-годишниот Р.Ј. од Прилеп, при разминување со непознато возило со десниот ретровизор удрил во дрвена необележана талпа од скеле, соопшува МВР.
Како што е наведено во полицискиот билтен, талпата од скелето била поставена надвор од оградниот ѕид, по што од скелето паднал 67-годишниотградежниот работник Т.Т. од Прилеп.
„Во незгодата Т.Т. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп“, наведено е во билтенот.