7 ПОВРЕДЕНИ ВО ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ГОСТИВАР, 5 ПОТЕШКО Се судриле „берлинго“ и „сеат леон“
Во несреќата тешко се повредени двајцата возачи, како и тројца сопатници и веднаш се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Пет лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште две со полесни повреди во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случила во гостиварската населба Млаки.
Од СВР Тетово информираат дека на 6 јули, околу 23:10 часот, во ОВР Гостивар било пријавено дека дошло до судир меѓу патничко возило „Цитроен берлинго“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Р.Ј. (59) од Гостивар, и патничко возило „Сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р. (70) од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и сопатниците М.С. (64), З.И. (45) и С.Р. (60). Повредените биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Со полесни телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.Г. (59) и П.А. (54), кои биле згрижени во Медицинскиот центар во Гостивар.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Гостивар.