60 ПИЈАНИ ВОЗАЧИ ФАТЕНИ ЗА ЕДНА НОЌ За петмина случајот не завршил само со сообраќајна казна

Полицијата контролирала низ целата земја од 22 часот до раните утрински часови. Покрај алкохолот, открила уште 124 други сообраќајни прекршоци.

0

Шеесет возачи биле фатени под дејство на алкохол во засилената полициска контрола низ Македонија. За петмина од нив следувале пријави според Кривичниот законик, информираше Министерството за внатрешни работи.

Aкцијата на Секторот за сообраќајни работи при МВР траела од 22 часот синоќа до 4 часот утринава, 10 август.






„При акциската контрола кај 60 возачи било утврдено присуство на алкохол“, соопшти МВР.

Од нив, 55 возачи биле санкционирани според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Контролата за петмина завршила со посериозни последици.

„За пет возачи се поднесени соодветни пријави од Кривичниот законик“, наведува МВР.

Полицајците во истата акција откриле уште 124 сообраќајни прекршоци од друг вид.

МВР најави дека засилените контроли ќе продолжат и во следниот период.

Поврзани содржини