400 ИСПИТУВАЊА ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР БИЛЕ СКРИЕНИ ВО ВРЕМЕТО НА ФИЛИПЧЕ Мали Фрчко ја утнал адресата, кривична треба за екс-министерот

Околу 400 испитувања на водата за пиење во Гостивар периодот на власт на СДСM, кога Венко Филипче беше министер за здравство покажале неисправна вода за пиење, обвинува ВМРО-ДПМНЕ реагирајќи на кривичната пријава на Јон Фрчкоски против актуелниот министер за здравство Сашо Клековски. Според ВМРО-ДПМНЕ Фрчкоски требало да поднесе пријава против Филипче.

0

Во времето кога актуелниот лидер на СДСМ Венко Филипче бил министер за здравство имало околу 400 испитувања за неисправна вода во Гостивар, а резулатите биле криени, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Реакцијата доаѓа откако Јон Фрчкоски од СДСМ денеска на прес-конференција соопшти дека поднел кривична пријава против актуелниот министер за здравство Сашо Клековски во врска со последните случувања со водата во Гостивар.






ВМРО-ДПМНЕ вели дека Јон Фрчкоски од СДСМ наместо да оди пред Јавното обвинителство на топлото време требал да му поднесе кривична пријава на Филипче.

„Мали Фрчко да му поднесе кривична пријава на Филипче, во чиј мандат како министер околу 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело и граѓаните се труеле

Талогот на СДСM повторно се појави.

Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.

Се побрза талогот на СДСM да поднесе кривична пријава за лица кои, како раководители на институции итно преземаа мерки и активности за решавање на проблемот и во рекорден временски рок ги санираат последиците.

Токму поради брзата интервенција на институциите кои ги набројува мали Фрчко, гостиварци веќе извесно време имаат техничка вода во нивните чешми и набрзо ќе имаат и бактериолошки исправна вода за пиење.

А во меѓу време, од првиот ден на појавување на проблемот, благодарение на брзата интервенција на Владата, граѓаните на Гостивар се снабдуваат со бесплатна флаширана вода за пиење.

За разлика од сега кога се преземаат мерки, се известуваат граѓаните и проблемот со водата се решава, во периодот на власт на талогот на СДСM, граѓаните на Гостивар свесно беа оставени бавно да се трујат.

Околу 400 испитувања на водата за пиење во Гостивар периодот на власт на СДСM, кога Венко Филипче беше министер за здравство покажале неисправна вода за пиење. Резултатите се криеле, граѓаните не биле известени да не ја консумираат и не биле преземени никакви мерки и активности од ниедна институција, ниту на локално, ниту на централно ниво за решавање на проблемот.

Така да, му порачуваме на Фрчкоски да му поднесе кривична пријава на Филипче за системското и свесно труење на граѓаните, а не на овие коишто во рекорден рок го решаваат проблемот и состојбата ја ставаат под контрола.

ТАЛОГОТ ФИЛИПЧЕ МОЛЧЕЛ ЗА НЕБЕЗБЕДНАТА ВОДА ВО ГОСТИВАР, СЕГА НЕМА ПРАВО ДА МОРАЛИЗИРА Тој, ДУИ и Таравари требаше веднаш да санираат, ама се неспособни

Поврзани содржини