30 БИЛКИ ЗА 7 ДЕНА! На социјалните мрежи се шири предизвик за подобро варење

Благодарение на социјалните мрежи, се прошири предизвикот наречен 30 билки неделно, кој ги поттикнува луѓето да јадат поразновидна храна од растителна основа – најмалку 30 билки неделно – за да го зголемат својот цревен микробиом и да го подобрат своето здравје.

169

Истражувањата покажаа дека консумирањето разновидна храна од растително потекло може значително да ја подобри разновидноста на цревниот микробиом – име за сите микроорганизми во цревата, кои играат важна улога во нашето здравје.

Не само што поголемиот и поразновиден микробиом го олеснува варењето на влакната и здравјето на цревата, тој е исто така поврзан со нормалната функција на мозокот и со тоа како нашето тело се бори против воспаленијата. Ја зголемува нашата отпорност на инфекции, ги балансира хормоните и ја намалува можноста за развој на болести на срцето и крвните садови и метаболички нарушувања.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

 

Поврзани содржини