ПОЗНАТА Е СОСТОЈБАТА НА ПОВРЕДЕНИТЕ КОИ БЕА ПРЕНЕСЕНИ ВО БЕЛГРАД Се соочуваат со компликации од тешките изгореници
Повредите со кои се здобиле повредените се главно изгореници, кои зафаќаат меѓу два и 28 отсто од површината на телото, а повеќето пациенти покажуваат симптоми на оштетување поради отровните гасови што се создаваат за време на пожарот.
Дванаесет повредени пациенти се однесени во Белград по трагедијата во Кочани, со авион на војската на Србија беа пренесени во Белград. Како што соопштија денеска пред новинарите во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија, во овој центар се примени девет пациенти, додека тројца пациенти се префрлени на ВМА.
„Веднаш по приемот почнавме со дијагностички и терапевтски процедури. Во текот на ноќта седум пациенти се лекувани во операциони сали, додека сите пациенти беа приклучени на соодветен третман“, соопштија од Ургентниот центар, пишува српски Еуроњуз.
Повредите со кои се здобиле повредените се главно изгореници, кои зафаќаат меѓу два и 28 отсто од површината на телото, а повеќето пациенти покажуваат симптоми на оштетување поради отровните гасови што се создаваат за време на пожарот.
Исто така, некои од повредените имаат изгореници на горниот респираторен тракт, поради вдишување топол воздух.
Засега повредите се класифицирани како сериозни повреди опасни по живот, а лекарите сметаат дека е особено предизвик да се предвиди состојбата на пациентите поради сложеноста на повредите од изгореници и можните компликации поврзани со респираторни проблеми.
„Тешко е да се процени прогнозата кај пациенти со изгореници, особено кога постои компонента на оштетување на респираторниот систем. Прогнозата ќе се кристализира во наредните денови“, се вели во извештајот.
Српски Б92 пишува дека тоа се млади лица на возраст меѓу 18 и 27 години, а изгорениците зафатиле и до 30 отсто од површината на нивната кожа.
„Девојката која е префрлена на ВМА има 18 години и има изгореници кои покриваат 24 отсто од нејзината кожа“, се вели во написот.
Исто така, планирано е во Северна Македонија да останат двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и медицински техничар за да им се пружи помош на повредените.
Двајца пациенти со воени амбулантни возила биле пренесени од Скопје на лекување во Воената болница Ниш и во Клиничкиот центар Ниш.