11-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПОВРЕДЕНО ОД СОУЧЕНИК Малолетник ја удирал со тврд предмет, ученичката завршила во тетовската болница
За настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
11-годишно девојче е донесено повредено во Клиничката болница во Тетово откако била нападната со тврд предмет од соученик.
Како што информира полицијата настанот бил пријавен 15.35 часот во СВР Тетово од Клиничка болница Тетово, откако кај нив за укажување на лекарска помош е донесена ученичка од с. Орашје, која била повредена со тврд предмет.
„Веднаш било постапено во однос на пријавата при што било констатирано дека се работи за 11-годишна малолетничка од с. Орашје, која при излегување од основното училиште во с. Одри била физички нападната од нејзин соученик од с. Одри, кој, според пријавеното, користел и тврд предмет“, соопшти СВР Тетово.
За настанот бил известен и јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.