ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче
Девојката била пронајдена во тешка состојба, по што веднаш била транспортирана во болница. Поради сериозноста на повредите, била хоспитализирана и задржана на лекување.
Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички нападната од нејзиното момче. По инцидентот, таа итно била пренесена во болница, каде што била задржана на лекување, а осомничениот е приведен.
За случајот, полицијата го лиши од слобода 31-годишниот Х.К. од Охрид.
Според досегашните сознанија, инцидентот започнал во ресторан во Охрид, каде што девојката и 31-годишниот Х.К., почнале да се расправаат. По ова, двајцата заминале со автомобил, но конфликтот, според пријавата, продолжил и во возилото.
Таму девојката била физички нападната, а од сериозноста на повредите паднала во бессознание. Потоа, според информациите за случајот, била исфрлена од автомобилот и оставена на улица пред маркет.
Девојката била пронајдена во тешка состојба, по што веднаш била транспортирана во болница. Поради сериозноста на повредите, била хоспитализирана и задржана на лекување.
Случајот бил пријавен во полиција, а полициски службеници од СВР Охрид рано денеска го лишиле од слобода Х.К. (31) од Охрид.
Од СВР Охрид го потврдија приведувањето и најавија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.
„Денеска (15.11.2026) во 05.05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.К.(31) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, соопштуваат од СВР Охрид.
Клучните детали за мотивот за нападот, треба да ги утврди истрагата.
Медиумите објавија дека З.К. е син на поранешна претседателка на Антикорупциската комисија.