ЗОШТО ПРЕЧАТ АЛБАНСКИ ИМИЊА НА УЛИЦИТЕ ВО ТЕТОВО? Меџити живеел на 7 Јули, Денот на српското востание, а на улицата немало ниту еден Србин

Со воведувањето на механизмот балансер, темпото на правичната застапеност на Албанците, наместо да се зголеми, се намалило. Затоа балансерот ќе биде заменет со законско решение, објаснува вицепремиерот Изет Меџити во интервју за ТВ24.

691

Општо мислење е дека балансерот донел значителен придонес кон суштинска застапеност на Албанците, но тоа не е така. Од 2002 до 2015 година, кога немало таков механизам, правичната застапеност на Албанците и на другите заедници од 2% прогресирала на 15-16%. Со воведувањето на механизмот балансер, темпото на правичната застапеност, всушност, се намалило.

Ова во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24 го изјави вицепремиерот Изет Меџити, објаснувајќи дека балансерот, всушност, имал контраефект во последните години.






–  Во моментот кога се укина балансерот, како владини партнери покажавме дека имаме демократски капацитет да разговараме и да преговараме за работите. Констатиравме дека правичната застапеност е уставна категорија која произлегува од Рамковниот договор и дека ќе се реши со посебен закон, во рамките на постоечките институции, без да се формира нова институција. Владините политики не се насочени кон дополнително оптоварување на јавната администрација – рече Меџити, нагласувајќи дека законот за правична застапеност е поадекватно решение од балансерот.

Засега се размислува зголемени ингеренции за грижа за правичната застапениост да дпобијат омбудсманот (кој би добил и ингеренции да казнува), Агенцијата за државна администрација или Агенцијата за јазиците, ако се прошири нејзината надлежност. Грижата најверојатно сепак ќе ѝ биде доверена на Агенцијата за државна администрација, која и сега се занимава со ова прашање.

Идејата е заменик-директорот да биде овластен да внимава на правичната застапеност – на национално ниво за Албанците и за другите заедници, а на локално ниво за сите заедници. Владата ќе излезе со конкретно решение, кое ќе биде доставено до Венецијанската комисија, а по добивањето на нејзиното мислење, тоа ќе влезе во владина и парламентарна процедура.

Меџити ги коментираше и реакциите за предлогот за нови имиња на улиците во Тетово, објаснувајќи дека некои имиеас и не треба да се преведат, како на пример Конгреси и Манастирит. Во Тетово, град со огромно албанско мнозинство, 99% од имињата на улиците, училиштата и јавните институции се поврзани со македонската историја, рече Меџитио и праша:

– Што има лошо во тоа во еден град со мнозинство Албанци да има улици и институции именувани по албански личности и настани? Ние сме дел од Македонија. Од целиот свет има имиња на улици, а се оспоруваат дел од албанските предлози. Позастапени се датуми од Русија и од Украина, отколку од албанската историја во Македонија. Јас живеев на улицата 7 Јули, што е ден на српското востание. На таа улица немаше ниту еден Србин. Значи, може да има имиња од српската и руската историја, градови од Украина и целиот свет, но не може да има имиња од албанската историја?

Поврзани содржини