„ЖИВ СУМ И СПРЕМЕН ДА СЕ ЖРТВУВАМ ЗА ИРАН“ Високиот ирански функционер го преживеал нападот и брутално му се заканил на Израел?!

Минатата недела, иранските медиуми известија дека Али Шамхани, висок политички советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, бил убиен во првиот бран израелски воздушни напади на 13 јуни.

1,617

Али Шамхани, висок политички советник на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, и поранешен прв безбедносен функционер, е во стабилна состојба откако беше тешко повреден во израелски напад на 13 јуни, јавија иранските медиуми во петокот, објави Анадолија.

Минатата недела, иранските медиуми известија дека тој бил убиен во првиот бран израелски воздушни напади на 13 јуни. Шпекулациите за состојбата на Шамхани завршија кога тој лично ја потврдил својата рехабилитација во порака до врховниот лидер, според иранската телевизија Прес ТВ.






Шамхани бил хоспитализиран и лекуван од животозагрозувачки повреди како резултат на „израелска терористичка агресија“, пренесуваат неколку ирански медиуми.

Непријателствата започнаа минатиот петок кога Израел изврши воздушни напади врз неколку локации низ Иран, вклучувајќи воени и нуклеарни објекти, по што Техеран започна одмазднички напади.

Неколку медиуми, вклучувајќи ги агенцијата Фарс која е под контрола на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и полуслужбената новинска агенција Мехр, објавија изјава што му се припишува на Шамхани.

„Жив сум и подготвен да се жртвувам“, стои во изјавата што му се припишува на Шамхани, објави Тајмс оф Израел.

Според израелските власти, иранските ракетни напади досега усмртиле најмалку 25 лица и повредиле стотици други.

Во меѓувреме, иранските медиуми јавуваат дека израелскиот напад убил 639 лица и повредил повеќе од 1.300 други.

406 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, МЕЃУ НИВ И 14 НУКЛЕАРНИ НАУЧНИЦИ Главниот град Техеран е честа мета на удари

Поврзани содржини