ЖЕНА ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈКА КАЈ РОБОВО, СТРУМИЧКО Удрила со лесна кола во камион

Во судирот, возачката на патничкото возило се здобила со тешки телесни повреди и итно била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. И покрај напорите на лекарите, таа им подлегнала на повредите.

12,458

Жена на возраст од 42 години го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера во струмичкото село Робово, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 8 јули околу 13:50 часот, а во неа учествувале патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.Г.Р. (42) од село Робово, и товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (32) од Скопје.

Во судирот, возачката на патничкото возило се здобила со тешки телесни повреди и итно била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. И покрај напорите на лекарите, таа им подлегнала на повредите.






Поврзани содржини