ЗДРАВО ВЕНКО, КАКО Е ВО ДУБАИ, ЗАЕВ И БИЗНИСИТЕ КАКО СЕ? Ќе нема кампови за мигранти, а договорот со Британија ќе биде за големи проекти, порачува Манасиевски

Сигурно си се заиграл на песоците во Дубаи и не знаеш дека парите од Обединетото Кралство ќе се користат за проекти, а не за плаќање на избори како во твое време, вели Валентин Манасиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. 

194

Здраво Венко, како си? Како беше на палмите во Дубаи? Заев како е, оди ли бизнисот? Харис Џиновиќ пееше ли повторно на ваша приватна забава, праша денеска Валентин Манасиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сигурно од времето поминато на песочните плажи, Венко не си запознаен, но да ти кажеме дека камп за мигранти нема да има! Сигурно не си чул, но тоа го кажа и амбасадорот на Обединетото Кралство. Сигурно си се заиграл на песоците во Дубаи и не знаеш дека парите од Обединетото Кралство ќе се користат за проекти, а не за плаќање на избори како во твое време – рече Манасиевски.






Сега ќе ти кажеме и каков нема да биде договорот со Обединетото Кралство, додаде тој.

– Договорот нема да биде како твојот површен за градба на модуларни болници, полн со криминални моменти. Договорот нема да биде ниту како крвавите тендери од 35 милиони евра. Нема да биде ниту како обидот за приватизација на јавното здравство како што ти пропагираше, ниту ќе биде како договорите со веледрогеријата Пановски, на чиј сопственик ќерката му ја постави директорка на Клиника, па редевте милионски тендери. Договорот нема да биде ниту како тој за Стабри вакцините и профитерството во короната, ниту пак со маил жути јаху – рече Манасиевски.

Во врска со трагедијата во Кочани, претседателот Мицкоски ги прими семејствата на загинатите од Кочани, но ти беше во Дубаи и не можеш да знаеш за тоа, додаде тој.

– И на крај, Венко нели ти е срам да зборуваш за Кочани? Кажа ли дали се согласуваш со пресудата за модуларната болница со симболичната одговорност на периферни ликови? Венко, те гризе ли совеста или воопшто не ти е гајле – праша Манасиевски.

 

Поврзани содржини