ЗАВРШУВА ПРОМОЦИЈАТА ВО „НИКОБ ЛАБ“ Уште утре бесплатен брз антигенски тест за млади до 18 години
Во промотивниот период од 18 февруари, направени се вкупно 318 тестови, од кои се детектирани 106 позитивни лица.
Утре завршува промоцијата за бесплатен брз антигенски тест за млади до 18 години во „Никоб лаб“, соопшти компанијата.
Акцијата почна во февруари со цел да им се помогне на семејствата кои се во тешка економска и здравствена состојба предизвикана од сериозната епидемиолошка состојба во земјата, предизвикана од вирусот ковид-19. Промоцијата почна на 18.02.2022 година и завршува утре, 25.03.2022 година.
За овој период направени се вкупно 318 тестови, од кои се детектирани 106 позитивни лица.
– Докажавме дека сме општествено одговорна установа и со оваа бројка на тестови и скринингот кој го добивме, значително помогнавме на здравствениот систем и на семејниот буџет, а тоа ни дава за право и во иднина да промовираме услуги кои ќе бидат од голема помош на сите граѓани – велат од „Никоб лаб“.