ЗА КОЛКУ ПАРИ КАТИЦА, ЛИЛЕ И РУСТЕМИ ГО РЕКЕТИРАЛЕ ПОЗНАТИОТ БИЗНИСМЕН? Манасиевски прашува како одела шемата на рекетот

Во кој временски период се случувал овој настан? Дали е вплеткан и познат скопски адвокат и како одела шемата на рекетот? Кого сѐ освен овие тројца штити Коцевски? Дали има вмешаност на поранешни функционери од СДС и од ДУИ – праша Манасиевски.

5,127

Јавноста заслужува одговори за случајот Рекет 2, кој јавниот обвинител Љупчо Коцевски силно го штити, изјави денеска на прес конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

– Јавниот обвинител Коцевски и натаму во одбрана на неговите наредбодавци од СДС и од ДУИ, повеќе од година ипол не отвори ниту еден случај за поранешни функционери кои се сомничат или пак има основано сомнение дека направиле криминал. Коцевски денес молчи и за случајот Рекет 2, во кој се вплеткани поранешните обвинители од СЈО Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми, кои имаат рекетирано познат скопски бизнисмен. Граѓаните заслужуваат одговори од Обвинителството за тоа кој е рекетиран? За колку средства овие тројца сакале да го изрекетираат бизнисменот и зошто? Во кој временски период се случувал овој настан? Дали е вплеткан и познат скопски адвокат и како одела шемата на рекетот? Кого сѐ освен овие тројца штити Коцевски? Дали има вмешаност на поранешни функционери од СДС и од ДУИ – праша Манасиевски.






Тој нагласи дека јавното обвинителство и Коцевски треба да си ги засукаат ракавите и да го расветлат случајот, а доколку продолжат да ги штитат криминалците, ќе бидат соучесници на криминалот.

– Правда и одговорност мора да има – нагласи Манасиевски.

Поврзани содржини