ВТОРО ЛИЦЕ ПРИВЕДЕНО ЗА БОМБАТА НА ДЕДИЊЕ Осомничен помагач во нападот врз домот на Чолиќ

По експлозијата на Дедиње, полицијата продолжува со апсења поврзани со нападот врз домот на познатиот пејач.

198

Српската полиција вечерва приведе уште едно лице осомничено во случајот со нападот врз семејната куќа на познатиот пејач Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.

Како што информираат српските медиуми, станува збор за М.А. (23), кој се сомничи дека бил помагач при извршувањето на кривичното дело, за кое вчера беше уапсен С.М.






Инцидентот се случи во вторникот рано наутро, кога непознато лице фрлило експлозивна направа врз семејната куќа на Чолиќ. Во нападот, за среќа, нема повредени лица, но причинета е значителна материјална штета.

Истрагата за мотивите и целосната позадина на нападот е во тек, а српската полиција најавува дека ќе продолжи со приведување на сите лица поврзани со случајот.

Поврзани содржини