ВРЕДНОСТИТЕ НА ВЕЛИГДЕН НЕКА НЀ ОБЕДИНАТ ВО ГРАДЕЊЕТО ПОДОБРА ИДНИНА Велигденска честитка од претседателот на Собранието Африм Гаши

Упатувам искрени желби празничните денови да бидат исполнети со здравје, спокој, радост и благосостојба – се вели во частитката на Гаши.

77

Африм Гаши, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, од лично име и од името на Собранието, им го честита Велигден на сите верници кои го слават Христовото воскресение според католичката традиција.

„Овој празник носи пораки на надеж, љубов, мир и духовна обнова. Во денови кога се потсетуваме на значењето на меѓусебното почитување, солидарноста и добрината, упатувам искрени желби празничните денови да бидат исполнети со здравје, спокој, радост и благосостојба.






Нека велигденските празници бидат поттик за зацврстување на довербата, разбирањето и заедништвото, како вредности што нè обединуваат во градењето на подобра иднина за сите граѓани. Честит Празник!“ – се вели во честитката на претседателот на Собраниаето Африм Гаши.

Поврзани содржини