🎥 (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) МОРБИДНО СКАНДИРАЊЕ НА СОБИР ВО ЧЕСТ НА РАТКО МЛАДИЌ Србите во Босна се простија со осудениот воен злосторник

Собири на кои му се одаваше почит на српскиот генерал осуден за воени злосторства, се одржаа на Пале, во Вишеград, Фоча, Нови Град, Пријдор и други места во Република Српска.

0

Неколку илјади луѓе се собраа синоќа во Пале, Босна и Херцеговина, за да му оддадат почит на Ратко Младиќ, поранешниот командант на војската на Република Српска, кој беше осуден на доживотен затвор за геноцидот во Сребреница и други воени злосторства.

Собирот се одржа во Олимпискиот парк, а толпата палеше свеќи и факели, го скандираа името на Младиќ и пееја песни во негова чест, објавија медиумите во Република Српска. Некои ја допираа големата рамка со неговата слика и го бакнуваа српското знаме.






Оддавањето почит на Младиќ во Пале не беше изолиран настан. Организацијата на ветерани од општина Пале претходно јавно ги покани борците и граѓаните да запалат свеќи за Младиќ на централниот споменик на тоа место.

Слични собири и оддавање почит се одржаа во изминатите неколку дена во Зворник, Вишеград, Фоча, Нови Град и други места во Република Српска. Во Приједор беше поставен транспарент со ликот на Младиќ и пораката „Слава ти Генерале“. На надвозникот на патот помеѓу Пале и Јахорина беше поставен голем транспарент со натпис „Ратко Младиќ!“

На собир во чест на српскиот генерал осуден за воено злосторство, што се одржа во Зворник, како што може да се види на снимките од социјалните мрежи, млади извикуваа „Нож, жица, Сребреница!“.

Хашкиот трибунал го осуди Младиќ на доживотен затвор во 2017 година за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување. Апелациониот совет ја потврди пресудата и доживотната казна во 2021 година.

Тој беше законски прогласен за виновен за геноцид врз Бошњаците во Сребреница, прогон, истребување, убиства, депортации и присилно преселување на населението, како и за снајперската и гранатирачката кампања што го тероризираше цивилното население во Сараево и за земање членови на ОН како заложници.

Младиќ почина на 27 август на 84-годишна возраст додека беше хоспитализиран во Хаг. Меѓународниот резидуален механизам започна истрага за околностите на неговата смрт. Холандските власти објавија дека нема да покренат кривична истрага ниту да спроведат обдукција.

Кривичниот законик на Босна и Херцеговин има одредби според кои секој што на кој било начин велича лица осудено за геноцид, злосторства против човештвото или воени злосторства, може да биде казнето.

Поврзани содржини