ВОЗИЛО СЕ ПРЕВРТЕ НА КРОВ НА ПАТОТ СТРУМИЦА-РАДОВИШ Три лица се полесно повредени

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено.

163

Три лица се полесно повредени во сообраќајка која се случила вечерва околу 18 часот на патот Струмица-Радовиш, на крстосницата за селото Градошорци.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале три возила, од кои едното е превртено.






На местото  на сообраќајката увид изврши полицијата. Додека траеше увидот  собраќајот се насочуваше по стариот пат на делницата меѓу селата Василево и Градошорци

Поврзани содржини