📽 ВОДАТА НАДОЈДЕ ВО КАМП ВО ТУРЦИЈА Луѓето бегаа, невремето од Грција се сели во соседството

Јужниот дел од Балканот е зафатен со бурата. Во Истанбул две лица се водат за починати. Поплавен е островот Скијатос, познато летувалиште на многу туристи од регионот. Поплавени се и повеќе приморски места во Бугарија каде се излеаја реките Карагац и Ропотамо.

534

Луѓе панично бегаа од поплавата во кампот „Киркларели“ во Турција, близу границата со Бугарија. Големото невреме од централна и јужна Грција ја погоди и Турција. Четири лица се водат за исчезнати во кампот во кој надошла вода, а имало 12 туристи кога тоа се случило, информираше турскиот министер за надворешни работи.

„Потрагата и спасувањето на исчезнатите четири лица продолжува без прекин“, напиша тој на Твитер.

Немирно е времето и во главниот град Истанбул.






– Најмалку две лица загинаа во поплавите во Истанбул, а десетина луѓе се спасени – изјави градоначалникот Давут Ѓул.

 

Јужниот дел од Балканот е зафатен со бурата. Поплавен е островот Скијатос, познато летувалиште на многу туристи од регионот.

Во Бугарија, две лица загинаа во поплавите во општина Царево поради обилните врнежи од дожд кои траеја 24 часа, а три лица се водат како исчезнати и по нив се трага итната помош, соопшти бугарското МВР. Ова го потврди градоначалникот на бугарскиот град Георги Лапчев. Службите работат во Бургас, Царево и Приморско.

Во моментов во Бугарија се излеваат реките Карагац и Ропотамо. Патот после градот Созопоље во јужен правец е затворен. Градот Ахтопол и селата Варвара, Синеморец и Резово се целосно отсечени поради урнати мостови.

Најтешка е ситуацијата во кампот Арапја, каде што продолжува евакуацијата на луѓето. Под вода е и кампот Оаза, како и селото Кости.

 

Поврзани содржини