ВО ПРЕСРЕТ НА ВТОРОТО ПОЛУФИНАЛЕ НА ЕВРОСОНГ Уште 10 земји се борат за место во финалето на евровизискиот натпревар

По спектакуларното прво полуфинале, Евросонг 2026 продолжува со втората полуфинална вечер во која 15 нови земји ќе се обидат да освојат место во големото финале и да ја освојат публиката низ цела Европа.

0

Евровизиската треска продолжува вечерва, 14 мај, за кога е закажано второто полуфинале на Евровизискиот натпревар 2026.

По првата вечер од натпреварот, 15 нови земји ќе се борат за последните десет места во големото финале, кое ќе се одржи во сабота, 16 мај, во Виенската „Винер Штадхале“.

Второто полуфинале исто така започнува во 21 часот, а покрај земјите натпреварувачки, во ревијалниот дел ќе настапат и директните финалисти Австрија, Франција и Велика Британија, кои имаат право да гласаат во оваа вечер од натпреварот.

Ова е комплетната листа на изведувачи и песни за второто полуфинале на Евровизија 2026:

1. Бугарија – ДАРА – „Бангаранга“

2. Азербејџан – ЏИВА – „Just Go“

3. Романија – Александра Капитанеску – „Choke Me“

4. Луксембург – Ева Марија – „Mother Nature“

5. Чешка – Даниел Жижка – „Crossroads“

6. Ерменија – Симон – „Палома Румба“

7. Швајцарија – Вероника Фусаро – „Алис“

8. Кипар – Антигони – „Јала“

9. Латвија – Атвара – „Ēnā“

10. Данска – Søren Torpegaard Lund – „Før vi går hjem“

11. Австралија – Делта Гудрем – „Eclipse“

12. Украина – Лелека – „Ridnym“

13. Албанија – Алис – „Нан“

14. Малта – Ајдан – „Бела“

15. Норвешка – Јонас Лов – „Ја Ја Ја“

Овогодинешниот Евровизиски натпревар се одржува под слоганот „United by Music“, а организаторите најавуваат спектакуларна претстава по повод 70-годишнината од натпреварот.

Големото финале ќе се одржи на 16 мај во Виена, каде што 25 земји ќе се натпреваруваат за победата на Евровизија.

Поврзани содржини