ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ ДОБИВМЕ „СТУДЕН ТУШ“ Главните напади по штрајкот на СОНК доаѓаат од Труд и социјала

Неделков нагласува дека односот со МОН е коректен и во многу што се разликува од оној што нивните членови вработени во градинките, го добиваат во релациите со Министерство за труд и социјална политика.

2,423

Се обидуваме да ја разбереме пораката на Министерството за образование и наука (МОН), од каде претходно доаѓаа изјави дека се обидуваат да се приближат на барањата на СОНК, за да на вчерашниот состанок не ни понудат ништо што би можело да ги задоволи нашите побарувања, вели претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, Јаким Неделков.

Штрајкот на вработените во училиштата и во градинките трае од понеделникот, а синдикалниот лидер вели дека мора да остане оптимист, иако на средбата во МОН добил „студен туш“. Сепак, Неделков нагласува дека односот со МОН е коректен и во многу што се разликува од оној што нивните членови вработени во градинките, го добиваат во релациите со Министерство за труд и социјална политика.






– Четврти ден од почетокот на штрајкот во градинките и училиштата, без понуда за зголемување на платите. Наместо наоѓање решение на проблемот, МТСП врши обид да ги заплашува штрајкувачите во градинките со разни дописи. Почит и поддршка до сите вработени во градинките и училиштата кои се во штрајк – тврди Неделков.

Поврзани содржини