Најмалку 5.000 цивили загинаа во руските бомбардирања во југоисточниот украински град Мариупол, изјави градоначалникот Вадим Бојченко за време на тркалезната маса што се емитуваше денеска во живо на Фејсбук.
– Се проценува дека меѓу загинатите има најмалку 210 дец -, истакна градоначалникот на Мариупол.
Бојченко го опиша уништувањето од војната во Мариупол, раскажувајќи ужасни детали за нападите, односно дека намерно била нападната детска болница во градот, дека театарот е намерно уништен и покрај поставените натписи „Деца“ на паркинзите на театарот. Во зградата биле засолнати повеќе од 900 луѓе.
– Тоа се само неколку примери за намерно уништување на цивилното население на Мариупол – додаде градоначалникот.