Во Франција најмногу новозаразени од 30 мај, а досега 200.000 случаи

177

Нови 1.695 случаи на заразени со новиот коронавирус беа регистирани вчера во Франција, најмногу од 30 мај, кога тој број беше 1.828 – соопшти денеска Министерството за здравство на таа држава.

Вкупниот број на заразени со вирусот сега е 194.029. Министерството во соопштението нагласи дека бројот на пациенти на интензивна нега денеска се намалил за четири, откако беше зголемен два дена по ред.






Сега има 384 лица на одделенијата за интензивна нега во болниците во Франција.

Поврзани содржини