ВО АВИОН ДОЗНАЛА ДЕКА Е ПОЗИТИВНА НА КОВИД Нејзиниот потег ги изненади сите! (ВИДЕО)

Пред летот со „IcelandAir“ таа била тестирана два пати со ПЦР и пет пати со брзи тестови, од кои сите биле негативни. Меѓутоа, по час и половина летање почувствувала болки во грлото, па повторно се тестирала во тоалетот и овој пат била позитивна. Откако се покажало дека не може да седи сама бидејќи летот бил полн, таа решила да остане затворена до крајот на летот, кој траел уште три часа.

1,564

Американката Мариса Фотејо летала за Швајцарија кога кон средината на летото дознала дека е позитивна на ковид-19. Оваа учителка од Чикаго веднаш се изолирала во тоалетот на авионот, ставила две маски и се „пофалила“ на социјалните мрежи.

Кон крајот на декември со татко ѝ и брат ѝ отпатувала во Рејкјавик, од каде требало да продолжи за Швајцарија.






Пред летот со „IcelandAir“ таа била тестирана два пати со ПЦР и пет пати со брзи тестови, од кои сите биле негативни. Меѓутоа, по час и половина летање почувствувала болки во грлото, па повторно се тестирала во тоалетот и овој пат била позитивна. Откако се покажало дека не може да седи сама бидејќи летот бил полн, таа решила да остане затворена до крајот на летот, кој траел уште три часа.

Таму купила пристап до интернет за да се пријави во училиштето каде што предава, а снимила и видео на ТикТок, кое досега собрало 4,5 милиони прегледи.

Кога авионот слетал, Фотејо и нејзиното семејство биле последни кои го напуштиле авионот. Нејзиниот брат и 70-годишниот татко немале никакви симптоми, па им било дозволено да го продолжат патувањето, а таа отишла во десетдневен карантин на Исланд, од каде продолжила да објавува видеа.

Последниот ден на карантин бил 30 декември, а летот за враќање во САД бил на 3 јануари, па тој период ќе го искористи за турнеја на Исланд, пишува Си-Ен-Ен.

Фотејо била целосно вакцинирана, а ја примила и третата доза, но по позитивните резултати почнала да ја фаќа паника и да се грижи за семејството со кое неодамна вечераа, како и за другите луѓе во летот.

 

@marisaefotieoShout out to @Icelandair for my VIP quarantine quarters.. #luxuryliving #imsolucky #covid #vaccinated #fyp #viralvideotiktok #quarantine

♬ I’m So Lucky Lucky – Grandzz

Поврзани содржини