ВМРО-ДПМНЕ КУПУВАШЕ НОВИ АПАРАТИ, СДСМ ГИ ЧУВАШЕ ВО ПОДРУМ Вознемирувачка е понудата на СДСМ да помогне за состојбите во здравството

Буџетот за 2025 година е зголемен за 7 милијарди денари и изнесува вкупно 53 милијарди денари (860 милиони ева). Ова зголемување во огромен дел оди за ЈЗУ, од кои над 2 милијарди денари или околу 17% кумулативно е за зголемувањето на платитеа, а околу милијарда денари се за зголемување на капитациите во примарното здравство, вели директорот на ФЗОМ, Сашо Клековски.

359

Новите апарати кои се купувале во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, во времето на СДСМ стоеле во подрум и не се употребувале, додека во одредени градови се користат апарати од 1985 година, рече синоќа директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Клековски, во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.

Тој говореше за ситуацијата во здравството, за лошото менаџирање на претходните власти и за предизвиците со кои сега се соочуваат.






– Состојбата во здравството била во надолна линија и затоа за мене звучеше прилично вознемирувачки понудата на СДСМ да помагаат на состојбите во здравството, за да потоа не го ни спомнуваат здравството. Здравството ни е таму каде што ни е, поради лошо чинење или нечинење на претходните власти – рече Клековски.

Тој истакна дека финансирањето и долговите биле проблем во минатото, бидејќи од Буџетот не доволно се давало на здравството, а долговите се наталожувале. Долговите во јавните здравствени установи биле околу 5 милијарди денари (81 милион евра), за со ребалансот да се намалат за 2 милијарди.

– Буџетот за 2025 година е зголемен за 7 милијарди денари и изнесува вкупно 53 милијарди денари (860 милиони ева). Ова зголемување во огромен дел оди за ЈЗУ, од кои над 2 милијарди денари или околу 17% кумулативно оди за зголемување на платите. Околу милијарда денари одат за зголемување на капитациите во примарното здравство – потенцираше Клековски.

Директорот на ФЗОМ, говореше и за Буџетот за лекување во странство, во однос на тоа кој го одобрува, како се финансира и која е процедурата за одреден пациент доколку има потреба да се лекува во странство.

– Лекувањето во странство се врши доколку се исцрпени можностите за лекување во Македонија и ова се поминува во неколку фази. Прво, јавното здравство треба да декларира дека не постојат можности за лекување на тој пациент во Македонија, а тоа е Клиничкиот центар кој треба да даде конзилијарно мислење потпишано од неколку овластени лица. Во следната фаза одиме кон приватното здравство дали има услови за вршење на услугата, доколку и таму нема можност, се оди кон следната фаза, барање на понуди од странство. Да потенцирам, доколку има конзилијарно мислење, Фондот не одбива лекување на пациент во странство – појасни Клековски.

 

Поврзани содржини