ВМРО-ДПМНЕ ИМА ПЛАН КАКО ДА СЕ НАДОМЕСТАТ ЕКСТРА ТРОШОЦИТЕ Стоилковски вели дека можат да го завршат автопатот во рамки на македонските закони

111

Тоа што Артан Груби му се восхитува на Александар Вучиќ и на Република Србија, не му дава за право да менува факти, да манипулира и да лаже, порача денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

-Прво, Србија распиша тендер за автопат за којшто ги споредува Груби двата договори, и овозможи експропријација и т.н. „брза трака“ за документи. Но, не и промена на закони спротивно на Устав, не изедначување на легалното со дивоградбите, нема газење врз археолошки локалитети, и секако не со пенали од над стотици милиони евра! И секако, со позната траса, со познат проект, без газење на законите за урбанизам и за градење – рече Стоилковски.






Автопат во Србија, 112 км, широк 30 метри, со 139 објекти на него, 84 моста, 26 надвозници, 3 подвозници, 10 раскрсници познати како петљи, по три одморалишта и паркинзи. Но и регулација на реката Морава и нејзините притоки, и изградба на телекомуникации по самиот автопат. Сето тоа по 7 милиони евра по километар во Србија, а во договорот на Груби по 20 милиони евра за Македонија со многу помалку ставки, наведе Стоилковски.

– Артан Груби признава дека по штетниот договор потпишан од крими владата на ДУИ и СДС, ќе се плаќаат пенали во вредност од 100-тици милиони евра! Потпишаа договор без национален легитимитет и консензус, сега Груби вели ништо немало да ги спречи, а тоа ќе чини дополнителни 100-тици милиони евра затоа што проектот ќе се продолжел за уште две години, заради непроменети закони! Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ по вака потпишан договор има две опции: Првата е да се раскине договорот, пред судот во Париз да се изгуби по прифатените закони на Англија и Велс. Тоа ќе чини стотици милиони евра штета, но без квадрат поставен асфалт! Втората, да се зачува суверенитетот, да се зачуваат Уставот и законите и автопатот да се заврши во рамки на македонските закони и македонските процедури! Така би се продолжило времето на изградба, но и сумата, поради катастрофалниот договор и обврските преземени од крими владата на ДУИ и помалиот партнер СДС. ВМРО-ДПМНЕ има план како сето тоа да го надомести – нагласи Стоилковски.

 

Поврзани содржини