ВМРО-ДПМНЕ: 10 причини зошто проектот ветување на Заев за ЕУ е мртов
ВМРО-ДПМНЕ смета дека местото на Зоран Заев не е во премиерски кабинет, туку во затвор, човекот е бизнис тајкун кој ја цица државата.
ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со 10 причини зошто Зоран Заев е најголемиот непријател на идејата за Европската унија и 10 причини зошто проектот ветување на Заев за ЕУ е мртов.
- Со Зоран Заев премиер звонат црвени телефони во медиуми каде стигаат нарачки за цензурирање на лидерот на опозицијата.
 - Зоран Заев прави бизниси со контраверзни анти ЕУ и анти НАТО бизнисмени како што е бизнисменот Дака со кој купува со панамски пари земјиште во Тетово бизнис вреден 200 милиони евра.
 - Секоја година Зоран Заев ветува дека ќе добиеме датум за избори и сеуште сме надвор од Европската унија.
 
4.Амнестиран криминалец и измамник како Заев во Европа служи за потсмев и е голем срам.
- Зоран Заев со главниот гробар Венко Филипче се директно одговорни за катастрофата со над 1100 мртви од корона заразата.
 - Пола милион граѓани живеат во сиромаштија со помалку од 2 евра на ден.
 - Не може во Европа со куфери Луј Витон рекет кој се заташкува затоа што парите според сведоштвото на осудениот Јовановски завршиле директно кај Зоран и Вице Заев.
 - Зоран Заев се што вети излажа, нема бесплатно здравство, нема 500 евра просек плата, нема странски инвестиции.
 - Зоран Заев донесе неправда и нарачува политички прогон додека криминалците седат во неговиот скут.
 - Местото на Зоран Заев не е во премиерски кабинет, туку во затвор, човекот е бизнис тајкун кој ја цица државата.