ВЛАДАТА НА ЏОНСОН Е ПРЕД КОЛАПС? Уште двајца министри поднесоа оставки
Двајца британски министри денеска поднесоа оставки, со што се зголемува притисокот врз премиерот Борис Џонсон, по вчерашните оставките на министрите за финансии и за здравство.
Владата на Велика Британија се соочува со криза, откако четворица министри се повлекоа од функцијата.
Двајца британски министри денеска поднесоа оставки, со што се зголемува притисокот врз премиерот Борис Џонсон, по вчерашните оставките на министрите за финансии и за здравство.
Оставка денеска поднесе министерот за деца и семејства, Вил Куинс, кој истакна дека „нема друг избор, освен да си поднесе оставка”, како и министерката за транспорт Лора Трот, која наведе оти се одлучила на таков чекор бидејќи ја загубила довербата во Владата.