ВЛАДАТА ГО ПРЕЗЕМА СВЛЕЧИШТЕТО КОН ТЕФЕРИЧ Следната недела тендер, санацијата треба да заврши пред зимата
Министерството за транспорт ќе го преземе проектот за стабилизација на свлечиштето на патот кон Теферич, а тендерот за избор на изведувач се очекува да биде објавен следната недела.
Министерството за транспорт ќе го преземе проектот за санација и стабилизација на големото свлечиште на патот кон Теферич во скопската општина Кисела Вода. Според најавите, тендерот за избор на изведувач ќе биде распишан следната недела, а работите треба да завршат пред почетокот на зимата.
Владата преку Министерството за транспорт ќе го преземе проектот за санација на свлечиштето на патот кон Теферич во Општина Кисела Вода, кое подолг период претставува сериозен проблем за жителите и учесниците во сообраќајот.
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека станува збор за комплексно свлечиште, чие решавање ги надминува можностите на локалната самоуправа.
– Станува збор за голем и исклучително сериозен проблем. Имајќи го предвид искуството што го стекнавме при решавањето на свлечиштата на автопатот Кичево – Охрид, проценивме дека оваа проблематика е многу поголема од капацитетите на Општина Кисела Вода и на Градот Скопје – изјави Николоски.
Тој посочи дека по координацијата меѓу Владата, Општина Кисела Вода и Градот Скопје, на последната владина седница било одлучено Министерството за транспорт целосно да го преземе проектот.
– Веќе имаме изработен проект за стабилизација и санација и очекувам уште следната недела да биде распишан тендерот за избор на изведувач. По изборот на изведувачот, што очекуваме да биде за околу еден до еден и пол месец, ќе започнат градежните работи, а целта е санацијата да заврши пред почетокот на зимата – нагласи Николоски.
Од Министерството очекуваат со реализацијата на проектот трајно да се реши проблемот со свлечиштето и да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот на оваа делница.