ВЛАДАТА ГО ОДБИ ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ ЗА РЕФЕРЕНДУМ Видовме во 2019 година како СДСМ го замислува плебисцитот без гаранции
Укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ и отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада, соопшти извршната власт.
Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за уставни промени за внесување на Бугарите, соцел да продолжи европската интегтација на Македоника.
„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело. Впрочем, укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ, отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада. А како изгледа кога СДСМ се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019 година“, соопшти Владата.
Тие и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет, се додава во соопштението.