„ВИЗЕР“ ЈА ОБНОВУВА ФЛОТАТА ВО СКОПЈЕ Следната недела стартуваат линиите за Лион и за Барселона

Според поратлот, авиокомпанијата постепено почна да ја заменува својата флота А320 со А321неос во Белград, која ќе биде проширена со пристигнувањето на четвртиот авион од истиот тип во јуни.

405

Нискобуџетната авиокомпанија „Визер“ планира до ноември годинава планира да ја замени својата флота на авиони од типот „ербас А320“ со моделот „ербас А321 нео“. Ваков план авиокомпанијата има и за својата флота стационирана на Белградскиот аеродром, пишува порталот EX-YU Aviation News.

Од следната недела „Визер“ треба да почне да лета на новите линии од Скопје за Лион и за Барселона, додека од септември треба да ја воведе линијата за Штутгарт.






Авиокомпанијата годинава не ги опслужува Салцбург, Копенхаген, Келн, Будимпешта, Бремен и Скавста, кои беа оперирани минатата година. Заеднички, шесте линии имаа петнаесет неделни услуги минатото лето.

Во базата во Скопје во моментов се стационирани 4 авиони од типот А320.

Според порталот, авиокомпанијата постепено почна да ја заменува својата флота А320 со А321нео во Белград, која ќе биде проширена со пристигнувањето на четвртиот авион од истиот тип во јуни.

„Во следните месеци, Wizz Air ќе ги зајакне своите операции на белградскиот аеродром со стационирање на четврти „ербас А321“. Со овој потег целата белградска флота ќе биде надградена на авиони со голем капацитет „ербас А321нео“, враќајќи го севкупниот капацитет на нивоата од 2023 година и додавање на две нови линии – до Аликанте и Фридрих“, се вели во соопштението на аеродромот Белград.

За време на врвот на летниот период на патување во јули и август, капацитетот на Wizz Air во Белград ќе порасне за над 40% во однос на минатата година.

Поврзани содржини