ВИДОВМЕ КАКО ИЗГЛЕДА УЦЕНЕТ ЧОВЕК Методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Реџепи ниту се демократски, ниту се европски

Кастриот Реџепи прво самоволно стави потпис за пад на владата на СДСМ и ДУИ, а потоа откако исчезна повеќе од 10 часа го смени ставот и ДУИ и СДСМ му станаа пример за вредности.

886

За денешниот настап на Кастриот Реџепи, кој порача дека се самоизолирал на денот кога се гласаше недовербата на Владата, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека така изгледа уценет човек кој има многу противречности во својата приказна и човек на кој личниот интерес му е пред колективниот.

– Ако ДУИ и СДСМ се европската вредност во која Кастриот Реџепи верува, тогаш Европска Унија ја боли глава од Кастриот, ДУИ и СДСМ. Кастриот Реџепи прво самоволно стави потпис за пад на владата на СДСМ и ДУИ, а потоа откако исчезна повеќе од 10 часа го смени ставот и ДУИ и СДСМ му станаа пример за вредности. Методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Кастриот ниту се демократски, ниту се европски, туку се режимски – порачаа од најголемата опозициска партија во Македонија.






Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека единствениот излез од актуелната политичка криза во земјава се брзи, прдвремени избори, по што ќе може да се формира стабилно владејачко мнозинство.

Поврзани содржини