(ВИДЕО) ВИСТИНСКО ЧУДО, МАЧОРОТ ХАН ПРЕЖИВЕА 49 ДЕНА ПОД УРНАТИНИТЕ! Повреден е и исцрпен, но брзо закрепнува

Кога ја спасиле, мачката делувала многу изморено и речиси полумртва, има повреда на ногата и веднаш е ставена на инфузии.

406

Под срушена зграда на југот на Турција во провинцијата Кахраманмара е спасена мачка, која под рушевините преживеала дури 49 дена, објавија турски медиуми, а на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од спасувањето на мачорот по име Хан.

Кога ја спасиле, мачката делувала многу изморено и речиси полумртва, има повреда на ногата и веднаш е ставена на инфузии.






„Неверојатна вест по земјотресот, мачорот Хан, кој бил под рушевините 49 дена, за чудо е спасен. Надежта во најтешките ситуации е најсјајната светлина“ – се вели во објавата.

Сопственичката Нида Дина (36) и нејзината ќерка секојдневно доаѓале до урнатините на зградата и го барале својот двегодишен мачор Хан низ соседните улици во квартот Оникисубат.

– Нашата зграда е оштетена во првиот земјотрес и излегов со ќерка ми, но мачката не можевме да ја најдеме бидејќи некаде се сокрила. Ја баравме секој ден и ја најдовме сега кога започна отстранувањето на урнатините на нашата единаесеткатница – изјави Дина.

Поврзани содржини