ВЕЧНОТО ДЕРБИ ВО БОИТЕ НА „ШТРКОВИТЕ“ Работнички поразен на домашен терен

За МЗТ Скопје ова беше втора победа во третиот настап сезонава во Првата лига, додека Работнички го претрпи третиот пораз и сѐ уште е без ниту една победа.

101

Актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром на убедлив начин го доби дербито со најтрофејниот македонски клуб Работнички. „Сино-белите” вечерва во СРЦ „Кале” победија со 47:66 (по четвртини 14:19, 8:20, 11:11 и 14:16).

Најефикасни во тимот од Аеродром беа Бре Ајви со 16 и Бојан Крстевски со 14 поени.






Кај домаќините се истакна Ерик Крафорд со 16 поени.

Меѓусебниот биланс во победи на вечните ривали сега е 91:68 за Работнички.

За МЗТ Скопје ова беше втора победа во третиот настап сезонава во Првата лига, додека Работнички го претрпи третиот пораз и сѐ уште е без ниту една победа.

Поврзани содржини