ВАШИОТ ПРОЕКТ МОЖЕ ДА БИДЕ СЛЕДНАТА ИНСПИРАТИВНА ПРИКАЗНА Пријавете се на платформата „Иднина која инспирира“ на dm

Веќе пријавените проекти покажуваат колку различни, но подеднакво важни можат да бидат идеите што носат позитивно влијание.

37

Добрата идеја најчесто започнува од реална потреба – желба да се помогне, да се вклучат повеќе луѓе, да се создаде подобра средина или да се отвори нова можност за оние на кои им е најпотребна.

Токму таквите идеи дм ги препознава преку платформата „Иднина која инспирира“, создадена како простор каде што вредните иницијативи можат да добијат поддршка, видливост и шанса да прераснат во конкретни промени во заедницата.






Веќе пријавените проекти покажуваат колку различни, но подеднакво важни можат да бидат идеите што носат позитивно влијание. Меѓу нив е проектот „Креативна станица – Од отпад до вредност“, кој преку едукативен, уметнички и еколошки пристап ги вклучува младите во создавање уметнички дела од локален текстилен отпад.

Проектот „Шанса за скок“ ја отвора темата за еднакви можности во спортот, особено за деца и млади кај кои материјалната состојба може да биде пречка за активно учество во тренинзи, натпревари и социјален развој. Преку спортот, проектот создава простор за вклучување, самодоверба, дисциплина и чувство на припадност – вредности кои се важни за секое дете.

Со проектот „Од семе до позитивни навики: еко-учење низ игра и семејна соработка“, најмалите уште од рана возраст се запознаваат со одржливи навики, грижа за природата и значењето на заедничкото учење. Преку игра, практични активности и вклучување на семејствата, еколошката свест станува дел од секојдневното растење.

Меѓу пријавените идеи се издвојува и проектот „Хормони, циклус и самодоверба“ насочен кон разбирање на промените во периодот на растење, особено кај учениците од шесто до деветто одделение. Во возраст кога се појавуваат физички и хормонални промени, несигурност, срам и прашања поврзани со телото, ваквите иницијативи можат да помогнат во градење самодоверба, подобро разбирање на себе и намалување на чувството на збунетост кај младите.

Овие примери покажуваат дека секој проект може да тргне од различна потреба, но сите имаат заедничка цел – да создадат позитивна промена. Токму затоа платформата „Иднина која инспирира“ е отворена за иницијативи кои носат вредност за заедницата и се насочени кон една од трите области на дејствување: солидарност и меѓусебна поддршка, развој и напредок преку еднаквост, инклузија и образование, како и грижа за животната средина и одговорно дејствување во согласност со природата.

На платформата можат да аплицираат организации, здруженија, институции, образовни установи и други правни субјекти кои имаат проектна идеја со потенцијал да создаде позитивна промена во заедницата. Без разлика дали станува збор за иницијатива што ги поддржува децата и младите, поттикнува инклузија, отвора простор за едукација, ја зајакнува солидарноста или придонесува кон поголема грижа за природата, секој проект што одговара на овие цели има можност да биде пријавен.

Платформата поддржува проекти кои вклучуваат волонтерски ангажман и поттикнуваат заедничко дејствување и поврзување на луѓето околу добра цел. Кога заедницата се вклучува преку волонтерство, една иницијатива добива поголема сила и станува повод за соработка, доверба и нови позитивни примери.

Поврзани содржини