Вакцината Спутник В ќе се произведува во повеќе земји на ЕУ

327

Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев изјави денеска дека Русија склучила договори со фармацевтски погони во Италија, Шпанија, Франција и Германија за производство на вакцината Спутник В против ковид-19.

Тој ја потврдил информацијата за руската државна телевизија Русија24, но одбил да соопшти повеќе детали.






Дмитријев ја дал изјавата откако бил потпишан договор со швајцарската фармацевтска компанија „Адиен Фарма & Биотек“ за производство на вакцината Спутник В во Италија.

Поврзани содржини