📽 ВАКА ИЗГЛЕДА НАЈСКАПИОТ СТАН НА БАЛКАНОТ Црниот мермер и „смарт“ системите не се ништо во споредба со цената на четката за тоалетот!
Само четката за тоалетната школка во овој стан чини 700 евра!
Најскапиот стан на Балканот вреди повеќе од милион евра, а според порталот Zaphetna.rs просторот се наоѓа во елитната населба „Белград на вода“ со поглед на реката Сава. Само четката за тоалетната школка во овој стан чини 700 евра! Паркетот од орев достигнува 260 евра од квадрат.
А радијаторите се истовремено ѕидна декорација која „тежи“ 3.000 евра по парче. Греењето е, сепак, подно, и тоа продолжува и на терасата.
За да се постави најмодерниот систем за паметен дом во станот биле сменети секој кабел и осигурувач. Кујната е од црн мермер.
Зградата во која се наоѓа станот има базен и теретана.
Pogledajte ako vas zanima kako izgleda stan u Beogradu na vodi koji košta
PREKO MILION EURA🤯 pic.twitter.com/XJX6PhxKwM— Djina Lolobridjida (@majolliinna) October 25, 2023