УАПСЕН ПОЛИЦАЕЦ КОЈ ИСПУКАЛ КУРШУМ ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Ќе добие кривична пријава за предизвикување општа опасност

На 30.4.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службениот пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот, соопшти полицијата.

812

Уапсен е полицаец кој испукал куршум во полициската станица во Струмица.

„Вчера во 10.28 часот во СВР Струмица полициски службеници го лишиле од слобода А.Б.(52), полициски службеник, кој се сомничи дека сторил кривично дело Предизвикување општа опасност, по член 288 од КЗ. На 30.4.2025 во службена просторија на СВР Струмица во која биле присутни и други полициски службеници, при проверка на службениот пиштол кој требало да го раздолжи, А.Б. испукал еден куршум со пиштолот“, соопшти полицијата.






Како што соопшти денеска МВР, за настанот биле запознаени началникот на СВР Струмица, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал Скопје.

По документирање на случајот, против А.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини