Твитер-реакции за хеликоптерот: „Вучиќ нè имунизира, Заев и Филипче си летаат до Прилеп“
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, со хеликоптер пристигнале денеска во Прилеп за да извршат увид во завршените градежни работи на прилепската модуларна болница.
Опозицијата збесна поради ваквиот потег, а реагира и јавноста преку социајлните мрежи.
Еве што пишуваат твитерџиите:
Не паничете, Заев и Филипче можда летале со хеликоптер ама вожњата ја платиле преку Групер.
— Фелдмаршал Игорче Развигорче (@Igor_rujo) April 2, 2021
Вучиќ не имунизира, Филипче си лета со хеликоптер.
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) April 2, 2021
Колку амбулантни возила е еден хеликоптер??
— Еск0бар (@Esk0bar_0d_SK) April 2, 2021
За 24 часа во Скопје се хоспитализирани 87 граѓани.
Најголема хоспитализација до сега. Завчера имавме пик.
Филипче го боле увоо си љети со хеликоптер.— Kaшлица во твојата уста 😷 (@kashlicaa) April 2, 2021
Добив информација дека едно подигнување на армиски хеликоптер чини околу 200 000 денари за еден час според правилник за користење на капацитети на АРМ. Претпоставувам дека ценовникот е ист,или сличен и за МВР.
Колку чинела денешната екскурзија на Заев до Прилеп?!— Дечкото од Прилеп (@htcN8x8RuCu5sH2) April 2, 2021
.@Zoran_Zaev со хеликоптер во Прилеп ја копира Лепа Брена изгледа 🤣#ОдЗбирката #НеостварениЖелби
— @buntovnata (@buntovnata1) April 2, 2021
Пак да ги гласате за да купат нов хеликоптер да не се возат во стар
— Henry Chinaski (@Hank___Chinaski) April 2, 2021
Нели треба да си исклучително неизживеан сељак, за да во период кога ти умираат по 30 луѓе на ден како последица на твојата неспособност, ти лабаво си праиш адреналински егзибиции со другарчето премиер, летајќи со државен хеликоптер до Прилеп!
До ПРИЛЕП!
— Artemi§ (@simetrAtwin) April 2, 2021
Ми се чита соопштение од влада дека мерцедесот од Груевски е во дефект и Заев мора да патува со хеликоптер додека не се поправи, предницата е растресена од лошите патишта и за тоа секако ВМРО е криво затоа што не ги направи во нивното владеење.
— Маче| 🇲🇰 (@Vlatko100janosk) April 2, 2021