ШЕСТМИНА ПРИВЕДЕНИ ЗА БЕЗОБЅИРНО ВОЗЕЊЕ Петмина возеле без дозвола, еден предизвикал сообраќајка

Шест возачи се приведени поради безобѕирно управување, од кои пет без дозвола и еден под дејство на алкохол кој предизвикал несреќа. МВР апелира за почитување на правилата за поголема безбедност на патиштата.

110

Полицијата лиши од слобода шест возачи поради безобѕирно управување возило во текот на изминатото деноноќие, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„Од нив, петмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје и по еден во Куманово, Струга и Прилеп. Додека, еден возач управувал возило под дејство на алкохол во Велес и предизвикал сообраќајна незгода.“






По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни кривични пријави.

„Да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.“

Од Министерството апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.

Поврзани содржини