ТУРЦИЈА ГИ КАНИ САД И РУСИЈА НА СРЕДБА ВО АНКАРА Имаат две војни за решавање

Турција и претходно се обидуваше да се позиционира како посредник и место за дипломатски контакти во врска со конфликтот во Украина, одржувајќи канали на комуникација и со Москва и со Западот.

0

Турција ја разгледува можноста за организирање средба помеѓу руски и американски претставници, објавија руските медиуми повикувајќи се на неименуван турски извор.

Тој посочи дека Анкара продолжува внимателно да ги следи контактите помеѓу Москва и Вашингтон.






Турција и претходно се обидуваше да се позиционира како посредник и место за дипломатски контакти во врска со конфликтот во Украина, одржувајќи канали на комуникација и со Москва и со Западот.

Претседателот на Комитетот за меѓународни работи на рускиот Совет на Федерацијата, Григориј Карасин претходно изјави дека почнала нова фаза во преговорите меѓу Русија и САД за решавање на украинскиот конфликт.

Според него, достигната е фаза во која е потребно да се преземат конкретни чекори и да се продолжи напред во барањето решение за кризата. Но, тој не наведе детали за форматот на идните разговори или за можното место за нивно одржување.

Освен за војната во Украина, САД и Русија имаат заедничка тема и во врска со конфликтот на Блискиот Исток и американско-израелската војна со Иран.

Поврзани содржини