„ТУЃ ПРЕДМЕТ“ ГО ОШТЕТИЛ МОТОРОТ Први наоди за скршениот прозорец на авионот на Рајанер

Извршниот директор на Рајанер вели дека првичните наоди не упатуваат на технички дефект или пропусти во одржувањето на авионот.

1,315

Прелиминарните наоди од истрагата за инцидентот во кој српскиот патник Љубиша Каровиќ беше делумно извлечен низ скршениот прозорец на авион Боинг 737-800 на компанијата Рајанер упатуваат на оштетување на моторот предизвикано од т.н. туѓ предмет (Foreign Object Damage – FOD), изјави денеска главниот извршен директор на компанијата, Мајкл О’Лири.

Таканареченото оштетување од туѓ предмет во пракса може да биде предизвикано од птица, камен или чакал од пистата, метален предмет, алат оставен на пистата, дел од друг авион или друго туѓо тело.






– Првите наоди укажуваат на оштетување на моторот предизвикано од туѓ предмет при полетувањето во Солун, но сè уште не можеме со сигурност да го потврдиме тоа – изјави О’Лири пред аналитичарите при претставувањето на кварталните резултати на Рајанер за периодот од април до јуни.

Според него, засега нема индиции дека причината за инцидентот е староста на авионот или пропусти во неговото одржување.

Авионот бил стар 18 години, а моторот во последните две години поминал целосен сервис и ремонт.

О’Лири најави дека нацрт-извештајот за инцидентот ќе биде објавен за околу 28 дена, по што ќе следува и конечен, подетален извештај.

Доколку оваа верзија биде потврдена, тоа би можело да ја намали одговорноста и на Боинг и на Рајанер, бидејќи инцидентот не би бил последица на технички дефект или несоодветно одржување на авионот.

На 10 јули, на летот ФР1879 на Рајанер од Солун до Меминген, 61-годишниот српски државјанин Љубиша Каровиќ беше повреден во драматичен инцидент кога, непосредно по полетувањето, се откачи прозорец од авионот, што предизвика нагла декомпресија. Каровиќ беше делумно извлечен низ отворот, но неговата сопруга Светлана Грковиќ и неколку патници успеале да го задржат и да го вратат во кабината. По инцидентот тој беше пренесен на болничко лекување.

ЛОПАТКА ОД ТУРБИНАТА ГО СКРШИЛА ПРОЗОРЕЦОТ НА АВИОНОТ НА „РАЈАНЕР“? Техничкиот советник на семејството на Љубиша даде проценка за инцидентот

МАКЕДОНИЈА ЈА ПРЕЗЕМА ИСТРАГАТА ЗА АВИОНОТ НА „РАЈАНЕР“ Инцидентот со скршениот прозорец се случил над македонскиот воздушен простор

📽️ ДРАМА НА ЛЕТОТ НА РАЈАНЕР ОД СОЛУН ЗА МИНХЕН Дел од моторот скршил прозорец, а патник од Србија излетал со главата надвор, го држеле други патници

 

Поврзани содржини