ЛОПАТКА ОД ТУРБИНАТА ГО СКРШИЛА ПРОЗОРЕЦОТ НА АВИОНОТ НА „РАЈАНЕР“? Техничкиот советник на семејството на Љубиша даде проценка за инцидентот

Техничкиот советник ангажиран од семејството на Љубиша Каровиќ за грчки ЕРТ тврди дека дел од турбината го скршил прозорецот покрај кој седел Љубиша. Како можни причини за инцидентот со „Рајанер“ ги посочува следните – дефект на температурен сензор и замор на материјалот.